За проектот
Овој проект има за цел да ги вклучи земјоделците од локалните заедници во идентификацијата на проблемите со климатските промени како и процесите на донесување одлуки за адаптација на климатските промени. Социјалното вклучување на земјоделците гарантира дека донесувањето на мерките за адаптација на климатските промени се заснова на реалните потреби на земјоделците.
Времетраењето на проектот е 24 месеци (01/11/2022 – 31/10/2024).
ЗОШТО ОВОЈ ПРОЕКТ?
ЦЕЛНА ГРУПА
Главна целна група на овој проект се земјоделците од руралните општини.
Но, исто така ги вклучува и;
Проценка на првичното социјално влијание за
утврдување и управување со планираните и
ненамерните социјални последици што
климатските промени ги имаат врз
земјоделството на општинско ниво
КОРИСНИЦИ
Влијание врз локалните заедници:
Со овој пристап луѓето од локалните заедници ќе дел од процесите на донесување одлуки за животната средина и ценети партнери во спроведувањето и следењето на политиките за животна средина на локално ниво.
Ефективната стратегија за животна средина обезбедува учество на сите актери во заедничките напори за еколошки одржлив развој. Овој вид еколошка стратегија ги вклучува граѓаните во процесот на идентификација, креирање и следење на политиките и процесите за прилагодување кон климатските промени. Овој проект ќе им даде глас и улога на земјоделците од локалните заедници во спроведувањето на стратегиите за адаптација на климатските промени. Пристапите што се користат во проектот ќе имплицираат прифаќање и вклучување на заедницата и ќе обезбедат директни решенија и акциони планови за прашањата за климатските промени во општина Росоман.
Месните заедници во регионот на Тиквешијата ќе бидат првите кои ќе искусат и ќе научат како да се справат со несаканите социјални последици од климатските промени врз општинското земјоделство.
Влијание на национално ниво:
Поттикнувањето на поголема соработка на локално ниво и зајакнувањето на социјалните димензии во адаптацијата на климатските промени во земјоделството и обезбедувањето можности за поинтегрирани начини на заедничка работа, дава императив во справувањето со национално прашање во однос на земјоделскиот сектор. Овој проект директно ги надополнува националните и регионалните климатски политики со проценки на социјалното влијание за правилно да се идентификуваат празнините во социо-економските климатски промени во земјоделскиот сектор. Изготвената Стратегија и Упатство ќе им бидат претставени и на други општини на национално ниво преку Заедницата на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија – ЗЕЛС.
Влијание на меѓународно ниво:
Меѓународните партнери во овој проект ќе можат директно да работат и да ги искусат активностите за интеграција на социјалните димензии во справувањето со климатските промени во земјоделството, како и да започнат иницијативи и во нивните заедници.
Имплементација
Активностите во проектот се:
- Проценка на првичното социјално влијание за утврдување и управување со планираните и ненамерните социјални последици што климатските промени ги имаат врз земјоделството на општинско ниво,
- Изработка на прототип на Општинска стратегија за климатски промени со мерки за адаптација во земјоделството и интеграција Упатство за интеграција за социјални димензии во справувањето со климатските промени во земјоделскиот сектор и Активности за учење за намалување на бариерите на знаење на земјоделците за прилагодување кон климатските промени.